ИНФОСОФТ
Slide img
Веб дизајн

Се уште немате сопствен веб сајт

Станете дел од дигиталното глобално семејство уште денес и нека целиот Свет биде вашиот нов пазар
Повеќе
Slide img
Софтвер

Напредни решенија за вашиот бизнис

Издигнете ја вашата компанија на наредното ниво со автоматизација на процесите
Повеќе
Slide img
Хостинг и домени

Хостинг пакети по ваш избор

Закупете хостинг пакет и регистрирајте го вашиот домен уште денес и дајте и го на вашата компанија професионалниот изглед кој го заслужува
Повеќе
Одржување

Одржување на компјутерски системи

Дозволете да се грижеме за вашите компјутерски системи и да ви вршиме достава на потрошен материјал, како би се движел вашиот бизнис без прекин
Повеќе
Slide img

Имате ИТ прашање? Ви треба совет? БЕСПЛАТНО и во секое време. Слободно контактирајте не: КОНТАКТ

Нашите услуги

што се ние можеме да направиме за вас

Icon

Веб страна

Изработка на веб страни 'од корен'. Од дизајн - до функционалност, со помош на најновите веб технологии.
Icon

Веб продавница

Како што рековме и претходно: издигнете се на наредното ниво и направете си го пазар целиот Свет.
Icon

Веб апликација

Автоматизирајте, прецизирајте, зголемете продуктивност и имајте пристап од секаде и во секое време.
Icon

Програмирање

Можеме да испрограмираме што сакате. И да учествуваме со наши идеи, со цел да биде подобро. И ќе работи.
Icon

Надградување

Софтверот е веќе застарен и му треба 'освежување'? Или едноставно имате нови потреби? Тука сме.
Icon

Поддршка

Тука сме за се што сме направиле. Бесплатно во гарантниот рок, а понатаму... знаете.
Icon

Одржување

Сте направиле веб страна на друго место? Не се лутиме. Но, дајте ни да ја одржуваме.
Icon

Набавки

Достава и монтажа на уреди и потрошен материјал директно кај вас. Само еден ден порано јавете се. Не истиот ден.
Icon

Точност

Точни сме, освен кога не сме. Но, вие секако ќе ни задоцните со плаќање, така да 'квит' сме.

Зошто да не одберете баш нас

неколку причини зошто да не одберете токму нас од морето компании како нашата

Image

9 години искуство

Цели 9 години сме на ИТ пазарот. Од рани студентски денови. Научивме многу.
Image

над 250 сработени проекти

Од сите области кои ги застапуваме. Од веб дизајн и програмирање, до консалтинг и продажба.
Image

над 200 задоволни клиенти

Од приватни компании и државни институции, до здруженија на граѓани, спортски клубови и физички лица.
Image

24/7/365 поддршка

Стоиме зад она што сме го изработиле. Достапни сме во секое време за проблем или нејаснотија.

Рекоа за нас

интересно е што нашите клиенти речиси секогаш стануваат наши пријатели, па дел од нив сакаат да го споделат јавно нивното искуство со нас

Раде Врчаковски - Врчак

Ги запознав дечките во периодот кога го спремав мојот трет албум Седмо небо. Веднаш започнавме соработка, од која произлегоа моето лого, омотот на мојот нов албум, мојот прв официјален веб сајт, како и неколку заеднички мултимедијални проекти, кои беа доста успешни. Профи се и си ја знаат работата.

Раде Врчаковски - Врчак, музичар
Синиша Ивановски

Професионалци и секогаш на ниво на задача. Имавме одлична комуникација во текот на нашата соработка, која траеше година дена. Кога имавме потреба, ги баравме и после работно време. Никогаш не направија проблем. Брзи се и ефективни. Убавото мислење не е само мое, туку и на моите колеги.

Синиша Ивановски, директор на ЈП Улици и патишта
Филип Ивановски

Кога го донесовме брендот Тианде во Македонија, нормално, првата работа што ни беше потребна беше веб страна. Се распрашавме и ни ги препорачаа Инфософт. Освен што соработката беше одлична, денес сме пријатели, кои од време на време знаат и баскет да изиграат. 🙂

Филип Ивановски, директор на Тианде Македонија
Бошко Нелкоски

Кога дојде ден да се прави веб страната на нашата организација, знаевме дека тоа ќе бидат Инфософт. Одлично си ја завршија работата и од тогаш, секогаш кога имаме прилика, ги препорачуваме кај нашите колеги и пријатели од невладиниот сектор. Само така нека продолжат и од успеси нема да куртулат.

Бошко Нелкоски, директор на Пан Европска Алијанса

Нашите клиенти

ова е само мал дел од нашето големо семејство на клиенти

Microsoft
Android
Google
Adobe
Origin
Java

Стапете во контакт

достапни сме 24/7/365 и ве очекуваме да не контактирате преку начинот кој вам најмногу ви одговара

Image

е-пошта

најпопуларниот начин на комуникација, кој не штити сите од недоразбирања
Image

разговор во живо

брз и едноставен начин, посебно погоден за отстранување на ситни технички проблеми
Image

телефон

кога немате време да пишувате, а посебно не и да чекате одговор, ова е најдобриот начин
Image

отворете тикет

кога станува збор за посериозен технички проблем, за кој требаат доста детали