се вчитува

Нашата приказна

како, кога и зошто започнавме, тимот, како се одвиваа нештата, еволуцијата и се друго. Накратко.

Настанавме за да помогнеме

Ова не е демагогија, ниту арогантна изјава, ниту евтин маркетинг. Ова е вистина.

Навистина започнавме да постоиме и да работиме, за да ги внесеме новите технологии во бизнисите на луѓето, па дури и во нивното секојдневно живеење, со цел да им ги забрзаме, прецизираме и автоматизираме процесите, да ги зголемиме квалитетот и квантитетот, да ги скратиме трошоците и времето, да им олесниме и да им ја зголемиме заработката. А притоа и ние да заработиме.

Ни значи кога ќе ни кажат дека поради некое наше парче софтвер значително им се олеснила работата или кога преку новиот веб сајт ќе дојдат до многу нови клиенти.

Тоа е вистината, целата вистина и ништо друго освен вистината. Така започнавме и така си тераме до ден денешен.

Историјата

како и се друго, започнавме како идеја и желба, од кои едното стана посилно од другото, па обратно и се така додека не постигнаа совршен баланс

Feature
јули 2016

ИНФОСОФТ

Ребрендирани, освежени, со нова енергија и нова веб страна продолжуваме понатаму.
Feature
мај 2014

АКСИОМ

Нови луѓе одлучуваат да ни се придружат и нивниот пат да го одат заедно со нас.
Feature
октомври 2011

ИНФОСОФТ

Годината кога решивме да отидеме во поинаков правец и да нападнеме нов и поголем пазар.
Feature
ноември 2007

ИНФОРМАК

Моментот кога решивме да започнеме сонот да го претвараме во реалност.

Тимот

најважниот дел од нашето постоење, кој го овозможува секој наш чекор и без кој се ова ќе останеше само сон

Image

Илија Серафимов

извршен директор
Image

Игор Атанасов

извршен директор
Image

Благој Митев

креативен директор
Image

Жаклина Кирова

маркетинг директор

Нашите клиенти

ова е само мал дел од нашето големо семејство на клиенти

Ита Бренд
ЈП Улици и патишта
Тианде
Алби
МОК
ТУВ

Рекоа за нас

интересно е што нашите клиенти речиси секогаш стануваат наши пријатели, па дел од нив сакаат да го споделат јавно нивното искуство со нас

РАДЕ ВРЧАКОВСКИ-ВРЧАК

Ги запознав дечките во периодот кога го спремав мојот трет албум Седмо небо. Веднаш започнавме соработка, од која произлегоа моето лого, омотот на мојот нов албум, мојот прв официјален веб сајт, како и неколку заеднички мултимедијални проекти, кои беа доста успешни. Профи се и си ја знаат работата.

РАДЕ ВРЧАКОВСКИ-ВРЧАК, МУЗИЧАР
СИНИША ИВАНОВСКИ

Професионалци и секогаш на ниво на задача. Имавме одлична комуникација во текот на нашата соработка, која траеше година дена. Кога имавме потреба, ги баравме и после работно време. Никогаш не направија проблем. Брзи се и ефективни. Убавото мислење не е само мое, туку и на моите колеги.

СИНИША ИВАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА
ФИЛИП ИВАНОВСКИ

Кога го донесовме брендот Тианде во Македонија, нормално, првата работа што ни беше потребна беше веб страна. Се распрашавме и ни ги препорачаа Инфософт. Освен што соработката беше одлична, денес сме пријатели, кои од време на време знаат и баскет да изиграат. ?

ФИЛИП ИВАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ТИАНДЕ МАКЕДОНИЈА
БОШКО НЕЛКОСКИ

Кога дојде ден да се прави веб страната на нашата организација, знаевме дека тоа ќе бидат Инфософт. Одлично си ја завршија работата и од тогаш, секогаш кога имаме прилика, ги препорачуваме кај нашите колеги и пријатели од невладиниот сектор. Само така нека продолжат и од успеси нема да куртулат.

БОШКО НЕЛКОСКИ, ДИРЕКТОР НА ПАН ЕВРОПСКА АЛИЈАНСА