се вчитува

Често поставувани прашања

овде ќе се обидеме да дадеме одговори на најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти, со цел нештата да станат појасни уште од самиот почеток

Што е хостинг

Хостинг е интернет услуга која овозможува на индивидуалци и организации да поседуваат свој веб сајт кој ќе биде прикажан и достапен на глобалната веб мрежа. Хостинг просторот дозволува на корисниците да прикачуваат информации, слики, видео материјали и друг вид на содржина која е достапна до интернет корисниците.

Што е домен

Домен (домејн) го претставува идентитетот на веб сајтот. Секоја активна веб страна хостирана на интернет, може да биде достапна преку уникатното домен име кое е составено од главно име и tld наставка. Пример за домен име на нашата веб страна е: infosoft.mk. infosoft е името на доменот, додека tld наставката е .mk – која означува дека доменот е Македонски.

Што е веб дизајн

Веб дизајн или веб развој е дејност, гранка од интернет сферата, која е одговорна за изработка и одржување на веб сајтовите хостирани на интернет.

Дали е задолжително одржувањето на софтверот

Апсолутно не. ИНФОСОФТ своите производи ги предава веднаш спремни за користење, најчесто со администраторска конзола, со чија помош клиентите сами си управуваат со нивните системи. Но, доколку сакаат ИНФОСОФТ да го прави тоа за нив, се разбира дека постои можност.

Што се случува ако месечниот трансфер на хостинг пакетот се потроши во тековниот месец

Доколку се случи во текот на месецот да се потроши месечниот трансфер, Вашата страна ќе биде привремено ставена во мирување – се до крајот на месецот.
Ова се случува ретко, но доколку имате ваков проблем можете да контактирате со нашата техничка служба за да најдете решение за настанатиот проблем.
Доколку станува збор за очекувано зголемен сообраќај само за тој месец, можете за купите дополнителен сообраќај за до крајот на месецот.
Доколку пак сметате дека Вашата страна ги надминала можностите на моменталниот хостинг пакет, можете да побарате специјални понуди за надградба на Вашиот хостинг пакет.

Која е постапката за регистрација на домен

ИНФОСОФТ нуди регистрација на домени со сите типови на наставки, како домашни (.mk, .com.mk, .net.mk, .edu.mk, .org.mk) така и интернационални (.com, .net, .biz, .org, .info, .name).
Регистрација на домен преку ИНФОСОФТ може да направи било кое физичко или правно лице. Услов за регистрација на доменот е името да биде слободно.
Времето за регистрација на домените се движи од еден ден, до една недела, во зависност од исполнувањето на техничките услови. Во просек, еден македонски домен се регистрира за приближно 2 работни дена.
Доколку веќе имате закупено хостинг тогаш при регистрацијата на доменот ќе бидат назначени именските опслужувачи од постоечкиот хостинг кои треба да ни ги доставите Вие, а доколку немате закупено хостинг и сакате воедно домен и хостинг од ИНФОСОФТ, тогаш ние ги поставуваме именските опслужувачи.
Доколку сакате доменот да биде регистиран и хостиран на друг хостинг сервер, тогаш треба да ги исполните следните барања:
Технички услови
Барателот е должен, пред поднесувањето на барањето, да обезбеди најмалку два коректно поставени именски опслужувача за предметниот домен, видливи на интернет.
Коректно поставени именски опслужувачи се оние опслужувачи кои имаат соодветна програмска поддршка за именско опслужување и притоа:
• имаат точно еден SOA запис за предметниот домен
• имаат NS запис за секој именски опслужувач кој барателот го навел во барањето за предметниот домен
• имаат А запис за секој именски опслужувач кој барателот го навел во барањето, а чиешто име се наоѓа во предметниот домен
• сите именски опслужувачи кои барателот ги навел во барањето даваат идентичен одговор на упити во поглед на претходните 3 точки.

Дали изработениот софтвер се инсталира и е достапен само на еден компјутер

Не. Веќе некое време се користат т.н. веб базирани технологии, со чија помош софтверот е достапен од секаде и во секое време. Дури и на вашиот паметен телефон или таблет.

Колку се плаќа годишно за веб сајт

За веб сајт годишно не се плаќа. Се плаќаат доменот и хостинг пакетот. А нивната висина зависи каков пакет ќе одберете.