се вчитува

Како до вистинскиот софтвер

градењето на софтвер е процес кој бара подеднаква активна вклученост од програмерот и клиентот

Алатката без која не се може

ИТ индустријата е навлезена во апсолутно секоја друга индустрија. Од медицина до градежништво, од спорт до забава, од производство до продажба. За се треба нашата омилена алатка, наречена софтвер. Кога се има вистинскиот софтвер, нештата стануваат побрзи и попрецизни, а самиот бизнис полесен.

Клиентот ја има желбата

Клиентот ја има желбата, а можеби и идејата како нештото треба да изгледа, односно, што треба да работи. Со неговата стручност од областа со која се занимава, му претставува неопходен партнер на програмерот, со цел овој вториов да го погоди како што треба производот, за да клиентот биде задоволен.

Како изгледа вистинскиот софтвер

Технологијата напредува со огромна брзина и често се менува. Ова треба да не радува, бидејќи новите верзии ни овозможуваат решавање на повеќе проблеми. Според тоа, еден софтвер во моментов треба да изгледа вака:

  • да биде веб базиран или комбиниран
  • да биде прилагодлив за мобилен и таблет
  • да овозможува пристап секогаш и од секаде
  • да биде компатибилен со повеќе оперативни системи
  • да биде безбеден и лесно надградлив
  • да има барем две бази, од кои една клауд
  • да има пријателски кориснички интерфејс
  • да биде лесен за навигирање

Што гарантираме

како компанија за софтвер, мораме да застанеме 100% за тоа што го изработуваме

Image

24/7/365 поддршка

Ова го кажуваат сите компании, но ние и го мислиме. Не е поддршка: испратете налог, па ќе се видиме по 2 недели. Поддршка значи сега и веднаш. Така ние работиме.
Image

нема испорака - нема пари

Не прифаќаме уплата ни на еден денар, пред да бидеме целосно готови и пред да го испорачаме производот, кој сте го замислиле. На тој начин се држиме мотивирани.
Image

обука

Бесплатна обука на секој вработен или соработник за кој ќе одлучите дека треба да го користи или да управува со софтверот, колку време и да биде потребно.